Презентација и споделување на активностите спроведени во рамките на учеството на нашата гимназија во Еразмус+ проектот Save Your Future

На 4.6.2025 год. во 13 часот во просториите на гимназијата „Добри Даскалов“ се одржа презентација и дисеминација пред ученици и професори од училиштето и се споделија искуствата во рамките на учеството на нашата гимназија во Еразмус+ проектот „Save Your Future.

На почетокот се презентираа планирањето на проектот, методологија на имплементација на проектот во наредниот период, начинот на комуникација помеѓу партнерите во проектот и изработувањето на продуктите од целите на проектот. Се сподели и евалуацијата на активностите во училиштата партнери во проектот.