Продолжува имплементацијата на е-учењето во наставата


Објавено на: 21.09.2011

Веќе една година наставниците и учениците од нашата гимназија имаат искуство со е-учење во наставата. Впрочем, уште во старт на минатата учебна 2010/2011 година се започна со проектот Moodle и истиот успешно се имплементира.

 

Целта на овој вид учење е да се прошири и да се подобри контактот и комуникацијата помеѓу учениците и наставниците и да се збогати со нови форми и содржини.

Периодот за тестирање на системот за е-учење Moodle траеше една година и успешно заврши. Поточно, во напредната и современа апликација Moodle, корисничка сметка и пристап кон креираните предмети од оваа учебна година имаат сите ученици и наставници коишто можат да ја користат од било кое место, во било кое време, независно дали тоа е од училиште или од дома.

Оваа година се продолжува многу поамбициозно, затоа што во Moodle ќе имаат можност да се вклучат сите ученици и оние наставници коишто можат да ги прилагодат наставните содржини со современтите алатки на Moodle.

Според потпишаниот Меморандум за билатерална соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, ова е само еден од низата проекти коишто ќе следуваат со нашето училиште.