ПРОЕКТ ЗА МИР
Објавено на: 24.02.2010
На почетокот од месец февруари беше склучен договор со кој СОУ Гимназијата „Добри Даскалов“ (во својство на училиште-учесник) се приклучи кон Проектот за Мир. Договорот беше склучен со СГГУ „Здравко Цветковски“ од Скопје, во својство на училиште-координатор.
Проектот за Мир започнува со делување во 1990 година, по иницијатива на Училиштето „Fabio Besta“ од Тревизо, помогнато од Општината Тревизо, Министерството за образование и наука, како и од многу други училишта во Италија. Денес во овој проект партиципираат над 100 институции, со илјадници ученици. Овој проект се потпира на волонтеризам на наставници и ученици кои сакаат да соработуваат во разните иницијативи кои пропагираат Култура на Мир. Се работи за иницијативи со космополитски димензии, иницијативи за демократија, меѓукултура, единство меѓу народите, пропагирање на правата на човекот, солидарност и сл. Проектот се труди да ги ангажира младите од сите земји, а за возврат им нуди културно надградување, дружење и соработување со врсници од целиот свет, при тоа рушејќи ги сите можни бариери.
Учебна 2009/2010 година
Активности на Проектот за Мир
Проектот за Мир ја промовира IV меѓународна конвенција на тема:
„Најважните меѓучовечки односи – дело на образованието“
Можат да бидат покренати разни активности во следниве дисциплини: уметност, спорт, животна средина, литература, музика, религија, работа, човекови права и технологија.
Активностите ги бира училиштето врз основа на интересот на учениците. За одреден временски период се презентираат активностите пред учениците од своето училиште.
На 18.03.2010 ќе се одржи првиот состанок помеѓу Училиштата-учесници и Училиштето-координатор (како домаќин) на кој ќе учевствува и нашето училиште.
За тоа како ќе помине состанокот ќе ве информираме во наредното известување.