Обука за спроведување на Програмата на Џуниор Ачивмент Македонија за ученички компании


Објавено на: 09.10.2019

Во деновите  3ти Март (четврток) 2019 година и 4ти  Март (петок) 2019 година, во Скопје се одржа Обука на Џуниор Ачивмент Македонија за програмата за спроведување на Ученичка Компанија. На обуката присуствуваа професори од Средните училишта од Македонија, а од СОУ Гимназија “Добри Даскалов“ – Кавадарци  свое учество имаше и проф. м-р Жанета Делова, професор по економски предмети.

На обуката беше презентирана програмата за отворање Ученичка компанија, кои се фазите во развојот на Ученичката компанија, како и бенефитот од спроведување на Ученичка компанија во училиштето. Професорите имаа можност, преку симулација, да ги реализираат горе наведените активности, на начин што секој тим си основаше своја компанија, со своја идеја истата ја презентираа. По презентирањето на сите компании, симболично следуваше и избор на најдобра компанија, каде на оваа обука прво место имаше коммпанијата MobiFriz, во која учесник беше и проф. м-р Жанета Делова.