Прво и трето место на регионалниот натпревар по хемија


Објавено на: 20.04.2015

На 18.04.2015 година (сабота)  во СОУ Гимназија ,,Добри Даскалов’’- Кавадарци се одржа регионален  натпревар по хемија. На натпреварот учествуваа ученици од СОУ Гимназија ,,Добри Даскалов’’- Кавадарци, СОУ Гимназија ,,Кочо Рацин’’- Велес и СОУ ,,Јосиф Јосифивски’’- Гевгелија. Учениците се натпреваруваа во три категории (I,II,III година).

ALIM9572

Од нашата гимназија учествуваа осум ученици и ги постигнаа следниве резултати:

Благој Мукаетов од втора година го освои (I) место во втора категорија под менторство на  професорката по хемија Даница Пецова, а Елена Ридова од прва година го освои (III) место во прва категорија под  менторство на  професорката по хемија Магдалена Убавкова.

Овие ученици од нашата гимназија се пласираа за учество на Државниот натпревар кој што ќе се одржи на 16 мај 2015 година на Институтот за хемија на Природно- математичкиот факултет во Скопје.

ALIM9580

ALIM9582

ALIM9571

ALIM9587

ALIM9590