На 12.03.2016 година во просториите на Гете институтот во Скопје се одржа државниот натпревар по германски јазик во рамките на Олимпијадата по германски јазик во Република Македонија. Право на учество имаа ученици кои на регионалните натпревари ги освоија првите три места.
Учениците се натпреваруваа во сите 4 категории: читање со разбирање, слушање со разбирање, пишување и зборување. Комисијата беше составена од претставници на Гете институтот, претставници од германската амбасада, професори на германската катедра на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ – Скопје и претставници од здружението на наставници по германски јазик. По спроведениот писмен дел, првите четири места имаа и устен дел, при што ги испрашуваше гореспоменатата комисија.
Нашата ученичка Даниела Стојанова го освои првото место и се здоби со ПАД стипендија (стипендија од Педагошката служба за размена) со четиринеделен престој во Германија. Професорот Васка Таневска се здоби со пофалница за успешно менторство за освоено прво место.
Честитки за успехот на ученичката Даниела Стојанова и професорката Васка Таневска им упатија директорката г-ѓа Невенка Поп-Ангелова и професорите на нашата гимназија.
Воедно, на сите наши ученици и професори им посакуваме плодна работа и многу успеси во претставувањето на Гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци.