Прво, второ и трето место на регионалниот натпревар по хемија


Објавено на: 25.04.2016

На 09.04.2016 година (сабота) во СОУ Гимназија,,Добри Даскалов’’- Кавадарци се одржа регионален натпревар по хемија.

На натпреварот учествуваа 40 ученици од СОУ Гимназија Добри Даскалов – Кавадарци, СОУ Гимназија Кочо Рацин – Велес, ССОУ Димитрија Чуповски – Велес, СОУ Гоце Делчев – Валандово и СОУ Јосиф Јосифивски – Гевгелија.

Учениците се натпреваруваа во четири категории (I,II,III и IV година).

 

Од нашата гимназија учествуваа 12 ученици и ги постигнаа следниве резултати:

Александра Кадрова го освои првото место,

Ружди Ќесаси второ место и

Милан Ангелов петто место во прва категорија под менторство на професорката по хемија Даница Пецова.

Марија Коцева го освои третото место во трета категорија под менторство на професорката по хемија Магдалена Убавкова.

Пане Марков и Дијана Митевска второ место во четврта категорија под менторство на професорката по хемија Даница Пецова.

 

Овие ученици од нашата гимназија се пласираа за учество на Државниот натпревар кој што ќе се одржи на 14 мај 2016 година на Институтот за хемија на Природно- математичкиот факултет во Скопје.