Во просториите на Гимназијата “Добри Даскалов” во петокот 06.05 2016 по повод Денот на Европа,9 Мај, волонтерите од КРЕАКТИВ, Фани (Франција) и Лука(Италија) одржаа работилница на тема СТЕРЕОТИПИ со учениците од нашето училиште од втора,трета и четврта година кои го изучуваат францускиот јазик.
Активноста беше изведена на француски јазик во координација со професорката Светлана Несторова-Мицев .
Поточно целта на активноста беше да се зборува за стереотипите во врска со различните земји-членки на Европската унија и нивните жителите ,дали стереотипите и општо прифатените клишеа ја даваат вистинската слика за нив.
Заклучокот беше дека сепак треба подобро да се запознаваме меѓу себе,да ги надминуваме
стереотипите и недовербата за да се изгради просперитетна Европа за идните генерации.