Во Шпанија се одржа прва воведна средба од проектот RAINBOW
Објавено на: 08.11.2017
Во периодот од 31.10.2017 до 03.11.2017 во Малага, Шпанија се одржа прва воведна средба од проектот RAINBOW – Right attitude In building our world кој се имплементира во гимназијата од септември 2017 година и ќе трае во наредниот период од две години. Средбата се одржа во училиштето IES Bezmiliana, Ринкон де ла Викторија, Малага, Шпанија.
Целта на оваа средба беше планирање на следните чекори за имплементација на проектот во училиштата – партнери. Во рамките на оваа средба беа прецизирани датумите на наредните работилници во проектот, како и методологијата на имплементација на проектот во наредниот период, начинот на комуникација и изработувањето на продуктите од целите на проектот.
На неа учествуваа претставници од училиштата – партнери од Македонија, Шпанија, Романија, Италија, Турција, Литванија и Бугарија. Од Гимназија „Добри Даскалов“ присуствуваа Христинка Косовска, проф. по латински јазик, Благородна Лазова, проф. по информатика и Александра Ристова, проф. по правни предмети. Учесниците на оваа средба се здобија со сертификати за учество.