Реализиран Инфо-ден на Дете правобранител


Објавено на: 11.11.2021

На ден 11.11.2021 година во училишниот хол на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци, новоизбраниот Дете правобранител Блаже Игнатовски заедно со замениците Данка Стојкова и Филип Попов реализираа Инфо-ден преку кој  ја промовираа нивната функција. Преку разговор и делење флаери како пропаганден материјал децата правобранители ја доближија нивната фукција до сите ученици и во сите класови. Учениците имаа можност да се информираат што претставува функцијата  Дете правобранител, како да ги остварат и заштитат нивните права во училиштето. Преку делењето на пропагандниот материјал учениците беа охрабрени да го пријавуваат прекршувањето на нивните права во училиштето, како од страна на вработените така и од страна  на соучениците.