Седмиот Државен натпревар по Биологија се одржа на 25.09.2020 година во посебни услови со тестирање на далечина, односно online. Овој пат поради специфичноста на условите кои за прв пат се применуваат на ваквите натпревари,( Регионалниот и Државниот натпревар) и за учесниците беше едно ново искушение.
Учениците од нашата Гимназија „ Добри Даскалов“од Кавадарци кои на регионалниот натпревар постигнаа солидни резултати обезбедија пласман на Државниот натпревар. Резултатите кои ги постигнаа учениците на Државниот натпревар се за пофалба и треба со нив да се гордееме.
Собирајќи ги поените и континуираната работа на учесниците, членовите на комисијата одлучиле да ги одберат односно селектираат учесниците кои ќе се натпреваруваат на Меѓународната Олимпијада по Биологија за 2021 година (IBO). Среќни сме што имаме ученик од нашето училиште кој ќе ја продолжи можноста за понатамошна селекција и напредок на Меѓународно ниво, а тоа е ученичката Михаела Темелкова од II-5 клас.
На сите ученици кои учествуваа на Државниот натпревар им се заблагодаруваме и им посакуваме успеси во следните години, а на наградените им пожелуваме да продолжат да работат со истата желба и ентузијазам и понатаму да постигнуваат врвни успеси и резултати.
Посебна Благодарност сакам да истакнам за ученичката Моника Крстева од IV-4 клас, иако веќе го заврши школувањето во нашата Гимназија и се запиша на Медицинскиот факултет, не се одкажа од учеството на Државниот натпревар, кој оваа година се одржа многу покасно од обично и освои III награда.
Во табелата се истакнати сите учесници и постигнатите резултати на Седмиот Државен натпревар по Биологија :
Ред.бр | Име и презиме на ученикот | Година | Постигнување на натпреварот | ментор |
1. | Симона Илова | I | Пофалница | Елизабета Иговска |
2. | Викторија Алексова | I | Пофалница | Елизабета Иговска |
3. | Миланка Стојкова | I | Учество | Елизабета Иговска |
4. | Миа Мајсторчева | I | Учество | Елизабета Иговска |
5. | Кристина Димкова | I | Учество | Елизабета Иговска |
6. | Михаела Темелкова | II | II нагрда | Богде Коцева |
7. | Аница Цветкова | II | Пофалница | Богде Коцева |
8. | Маја Манева | II | Учество | Богде Коцева |
9. | Благој Трајков | II | Учество | Богде Коцева |
10. | Фани Јованова | II | Учество | Богде Коцева |
11. | Изабела Богојоска | III | Учество | Елизабета Иговска |
12. | Моника Крстева | IV | III нагрдада | Богде Коцева |