Се одржа Десетиот Регионален натпревар по Биологија


Објавено на: 23.03.2023

На 17.03.2023 година се одржа Десетиот Регионален натпревар по  Биологија под организација на Македонското биолошко друштво и Институтот за Биологија на Природно-математичкиот факултет од Скопје. Натпреварот се реализира online во 10 часот, во просториите  на нашата Гимназија, во кабинетот по Информатика. На овој натпревар учествуваа 16 ученици од I, II и III година.  Учениците постигнаа одлични резултати  и се пласираа  за учество на Државниот натпревар кој ќе се одржи на 27.05.2023 година во Скопје , на ПМФ, со физичко присуство.

Ментори на учениците се професорите Богде Коцева и Елизабета Иговска кои секогаш несебично  им  го пренесуваат своето знаење и  безрезервно  им помагаат за да постигнат подобри резултати.

На сите ученици им се заблагодаруваме за учеството  на Регионалниот натпревар и постигнатите  одлични резултати.

Томас Џеферсон рекол:„ Забележав колку понапорно работам, толку повеќе среќа се чини дека имам “. Па, затоа и ние на нашите ученици  им посакуваме многу среќа и успех на престојниот Државн натпревар, бидејќи тие со својот труд тоа го заслужуваат.

Ред.бр. Име и презиме на ученикот Клас Награда Пласман на Државен натпреват Ментор
1. Елена Илова I -3 I награда се пласира Богде Коцева
2. Цветанка Ристовска I -3 II награда се пласира Богде Коцева
3. Анастасија Ризова I – 5 II награда се пласира Богде Коцева
4. Ана Лазароска I – 4 II награда се пласира Богде Коцева
5. Мила Стојанова I – 4 III награда Богде Коцева
6. Александра Лазова I – 5 III награда Богде Коцева
7. Марија В`чкова II – 5 I награда се пласира Елизабета Иговска
8. Матеа Мукаетова II – 5 I награда се пласира Елизабета Иговска
9. Стефанија Сарафимова II – 5 III  награда се пласира Елизабета Иговска
10. Тодор Пењушков II – 5 III награда се пласира Елизабета Иговска
11. Љупчо Лалков II – 5 пофалница Елизабета Иговска
12. Павле Ристов II – 3 учество Елизабета Иговска
13. Томе Ѓондев III – 3 II награда се пласира Богде Коцева
14. Ивана Илова III – 5 III награда Богде Коцева
15. Мила Димова III – 5 III награда Богде Коцева
16. Теона Јорданова III -4 пофалница Богде Коцева