Се одржа Државниот натпревар за „Медиумска писменост и дезинформации“

На 27.02.2023 година во просториите на Europe House во  Скопје се одржа  Државниот натпревар за „Медиумска писменост и дезинформации“ организирано од Фондацијата Идеја – Југоисточна Европа и Види Вака. Во финалниот натпревар учествуваа  ученици  од осум училишта од целата држава.

Нашиот тим беше составен од 5 члена : Александра Лазова, Дијана Мишова, Ива Павловска и Марјан Чирков сите од I-5 клас и Цветанка Ристовска од I-4 клас. Ментор на учениците беше професор Богде Коцева. Од 40 натпреварувачи во големото и малото полуфинале, нашите ученици покажаа одличен успех, а ученичката Александра Лазова беше  победник во финалето со најмногу освоени бодови и ја освои првата награда.

Натпреварот беше осмислен за натпревар во играње на  друштвена игра наречена„Спинокио“ каде учениците требаше логички да  размислуваат, поврзуваат настани и знаења, да користат креативности и познавање од медиумската писменост.

На сите ученици од тимот им се заблагодаруваме и им посакуваме успеси и во други настани, а на Александра Лазова и ја честитаме првата награда на Државно ниво.

Горди сме и среќни што учениците од новите генерации на нашата Гимназија  ја продолжуваат традицијата на успеси и го задржуваат рејтингот на училиштето меѓу најдобрите во Републиката.