Се одржа Регионалниот натпревар по географија


Објавено на: 04.03.2024

На ден 01.03.2024 година, во просториите на СОУ Гимназија Добри Даскалов се одржа Регионалниот натпревар по географија на кој учествуваа ученици од нашата Гимназија и од СОУ Св.Кирил и Методиј од Неготино.

Ученичките Станоева Ангела со освоени 91 поен и Стефанова Љубица со 80 поени, од паралелката I-3 од нашето училиште, под менторство на професорката Валентина Димитрова, се пласираа на Државниот натпревар кој ќе се одржи во средината на месец април.

Честитки за ученичките за постигнатото прво и второ место и им посакуваме и понатаму успех и на Државниот натпревар.