Семинар за професорите по македонски јазик и литература


Објавено на: 23.10.2010

Бирото за развој на образованието на Р. Македонија, во соработка со Македонскиот институт за медиуми и Европскиот центар за новинарство од Холандија, спроведија и организираа дводневен семинар за професорите по македонски јазик и литература кои изведуваат настава во основните и средните училишта во државата на тема: „Унапредување на медиумската писменост во Р. Македонија“.

 

Seminar_Makedinski

Семинарот се реализираше на 01.10.2010 година (петок) и на 02.10.2010 година (сабота) во просториите на Гимназијата. Овој семинар го следеа професори од трите средни училишта од градов: СОУ Гимназија „Добри Даскалов“, СОЗШУ „Ѓорче Петров“ и СОУ „Ќиро Спанџов Брко“, како и професори по македонски јазик и литература од неготинската гимназија „Св Кирил и Методиј“.

Овој проект пред сè треба да им помогне на децата од основните училишта и адолесцентите од средните училишта, да ги прошират своите познавања за улогата и функцијата на медиумите во демократските општества. Целта е да се создаде критички став и аналитички пристап кон различните видови медиумските содржини во печатените медиуми, на радиото, телевизијата, интернетот итн.

Овој концепт за медиумска писменост ќе биде инплементиран во сите години од основното и средното образование во Македонија.