Сертификати за најдобрите есеи


Објавено на: 19.03.2013

Под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје, Факултетот за политички науки при Универзитетот Американ колеџ Скопје и Здружението за подобро образование, беше организиран натпревар за најдобар есеј по повод јубилејот – 50 години од говорот „Јас имам сон“ (1963) на Мартин Лутер Кинг.

На натпреварот учествуваа и наши ученици од трета и четврта година.

На 19 март 2013 година учениците и нивните ментори беа поканети и присутни на јавниот настан на Универзитетот Американ колеџ од Скопје на доделувањето на сертификати за најдобар есеј.

Najdobar esej mart 2013

 

 

Професорите по англиски јазик, историја, социологија, етика, филозофија и граѓанско општество имаа можност да ги охрабрат своите ученици да се пријават и да учествуваат на натпреварот за најдобар есеј кој треба да се однесува на следните аспекти: Кој е Мартин Лутер Кинг (1929-1968)? Кој бил неговиот сон? Кој е твојот сон денес за твојата земја?.

На натпреварот учествуваа следните ученици: Ивана Настова од 4-4 клас, Андријана Тасева од 4-5 клас, Ангела Андоновска од 3-4 клас, Митко Митрев од 3-4 клас, Александра Ѓелова од 3-3 клас, Ангел Спанѓев од 3-2 клас и Анастасија Цуцулова од 3-1 клас.

Ментори беа следните наставници: проф. по англиски јазик Александра Петреска, проф. по англиски јазик Роска Трајкова, проф. по социологија Славе Попов, проф. по историја Наташа Матакова и проф. по историја Мики Камчевски.

И на учениците и на наставниците им беа доделени сертификати за учество на натпреварот.