Со филмот “Роза на асфалтот ” гимназијалците покажаа дека сакаат да живееат во свет на еднакви можности

Со филмот „Роза на асфалтот“ ние како млади луѓе испраќаме силна порака дека во овој свет нема место за поделби и дека во секој од нас се крие гениј кој чека да биде откриен.Сите сме еднакви.Го испраќаме гласот од цела генерација,дека растеме и градиме еден поправеден свет.Затоа што проблемот за кој говори филмот е секојдневие.Розата во филмот е метафора за младото момче кое живее со попреченост,а асфалтот е општеството кое не ја гледа убавината и не го препознава прекрасниот мирис на розата.Асфалтот ја гази розата, но гимназијалците кажаа гласно Не на поделбите,предрасудите и насилството.Ние сакаме да живееме во свет на еднакви можности.