Сопштение за учениците од I (прва) година


Објавено на: 25.09.2020

Им се соопштува на учениците од I (прва) година кои се запишани  во Гимназијата „ Добри Даскалов“ во Кавадарци во понеделник (28.09.2020 год.) и вторник(29.09.2020 год.) ќе можат да дојдат во Гимназијата, да се запознаат со своите класни раководители и да ги подигнат учебниците за учебната 2020/2021 година. (Предходно  секој класен раководител ќе стапи во контакт со учениците од неговиот клас).

При подигањето на учебниците задолжително треба да носат маски и да ги почитуваат правилата на однесување во услови на пандемија од COVID -19.    Со себе да понесат ранци или ташни за да можат да си ги соберат учебниците.

На сите ученици од Гимназијата „Добри Даскалов“  им посакуваме среќен почеток на учебната година.