На 14 ноември 2014 во Крива Паланка се одржа Државното првенство на училишен спорт во пинг-понг во кое зема учество и Гимназијата Добри Даскалов. Првенството, на кое учествуваат спортисти од средните училишта од целата држава, го организираат Федерацијата на училишниот спорт на Македонија, заедно со Сојузот на училишен спорт и Пингпонгарскиот клуб „Крива Паланка“ од Крива Паланка, а во координација со Министерството за образование и Агенцијата за спорт и млади.
На првенството учествуваат 60 ученици-пингпонгари од средните училишта од цела Македонија. Со овие натпревари се развива и се јакне спортскиот дух кај средношколците, како и нивното поврзување и стекнување нови пријателства. Учениците-победници од нашиот училишен турнир под менторство на професорот по спорт и спортски активности Блаже Велков, беа дел од првенството. Во женска конкуренција ученичката Марија Јованова (II-7) го зема првото место.