На 12.4.2025 година, нашето училиште СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ беше домаќин на регионалниот натпревар по англиски јазик за средни и основни училишта, на кој учествуваа и нашите ученички:
- од втора година: Матеа Дамова со освоена втора награда и Викторија Живковиќ со освоена втора награда, ментор Александра Кароловска,
- од трета година: Надица Ангелова со освоена втора награда и Дора Арсовска со освоена трета награда, ментор Христинка Косовска.
Им честитаме на учениците и на менторите за постигнатиот успех и им посакуваме успех на државниот натпревар во мај.
