СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ беше домаќин на работилница од Еразмус+ проектот European DIGI-CLASS


Објавено на: 04.02.2023

СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци беше домаќин на работилница од Еразмус+ проектот European DIGI-CLASS во периодот од 13.-17.02.2023 г. На работилницата покрај нашите ученици, учесници беа и ученици одсредните училишта партнери во проектот ITIS Polo Tecnico Fermi-Gadda од Неапол, Италија, Colegiul Tehnic Edmond Nicolau Focsani  од Фокшани, Романија, 15 Temmuz Sehitler Anadolu Lisesi  од Кастамону, Турција, Stredna priemyselna skola Povazska Bystrica, од Повашка Бистрица, Словачка и Budapesti Komplex Szakképzési Centrum Pogány Frigyes Szakgimnáziuma од Будимпешта, Унгарија.

Темата на работилницата беше „Дигитално раскажување приказни, новиот глас на учениците“. За време на работилницaтa, учесниците ги претставија училиштата, градот и земјата од која доаѓаат, како и своите образовни системи, а исто така и презентираа презентации и видеа како примери за употребата на дигитални алатки за раскажување на приказни и како тие алатки можат да се употребат во наставниот процес. Нашите ученици ја презентираа дигиталната алатка Toontastic. На гостите им го претставивме нашето училиште и условите за настава, а учесниците имаа и можност да посетат часови.

Во делот за запознавање на Македонската култура, учесниците имаа научни посети на трите музеја на град Кавадарци, традиционалната манифестација во чест напразнувањето на Св. Трифун и закројувањето на виновата лоза на повеќе локации во Кавадарци, Винарска визба „Тиквеш“ каде се запознаа со процесот на производство на вино и дестилати од грозје, православните цркви Св. Петка и Св. Димитрија во Кавадарци, Стоби – археолошкиот локалитет, Скопје, родното место и спомен куќата на Мајка Тереза, Стара чаршија, историски разглед на центарот на Скопје со водич и др.

Еразмус+ проектот European DIGI-CLASS има цел партнерските училишта да ги подобрат технолошките компетенции на учениците и професорите и да развијат интерактивни извори кои ќе бидат подготвени со овој проект, со кои ќе се зголеми интересот и успехот на учениците. Во времетраењето на овој проект ќе се подготват интерактивни материјали за наставните предмети со користење на веб алатки кои активно ќе се применуваат на часовите.

Со овој проект се цели кон влијание кое ќе биде промена на ставот и подобри вештини за изработка на материјали за учење прилагодени на потребите на учениците и нивните желби. Потенцијалните долгорочни придобивки ќе бидат промена на ставот на учениците за учење, а професорите да избираат нови методи, да ги модернизираат своите предавања, па секое од шесте училишта партнери во овој прoект да стане пример за нивните заедници.

Финансирано од Европска Унија. Искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската Унија, ниту „EACEA“ не можат да сносат одговорност за нив.