2016-12-01 14.03.14

Споделување на искуства од Шведска за време на часовите по предметот Програмски јазици

Во рамките на соработката на нашата гимназија со гимназијата Курт Николин од Шведска, оваа учебна година нашиот ученик Ристе Мицев го продолжи своето образование во Финспанг – Шведска. Нашето училиште до сега има изработено повеќе проекти во соработка со шведското училиште, со што наши ученици престојуваа во Шведска, и обратно, ученици од Шведска работеа на проекти со нашите гимназијалци во нашиот град.

Соработката во овој период продолжува и со реализацијата на проектот iOERc – Интегрирање на електронското учење во училниците” (Integrating E-Learning and Open Educational Resources into Classroom“- iOERc) кој што го реализира Гимназија „Добри Даскалов“ со уште пет партнери од Македонија, Бугарија и Шведска.

Покрај сите овие активности, по покана на проф. по информатика м-р Зоран Милевски, на 1 декември 2016 година (четврток) за време на часовите по програмски јазици за III година – ПМА подрачје, ученикот Ристе Мицев реализираше посета за време на часот и ги сподели своите досегашни искуства и начин на работа во училиштето во Шведска. Учениците за време на часот по програмски јазици имаа можност да направат утврдување на материјалот кој што го изучуваат и да се запознаат со практичните задачи кои што Ристе ги изработува во новата средина.

 2016-12-01 14.03.14

2016-12-01 13.14.45

Ристе презентираше за програмирањето на CNC машините кои што ги користат во наставата и начинот на изработка на проекти во 3Д кои потоа се печатат на 3Д принтери.

Ваквиот пристап и презентација пред учениците се покажа како интересна идеја, се реализираа уште два часови коишто беа многу продуктивни. Покрај тоа што слушателите ги збогатија своите знаења за тоа која е примената на програмирањето, за наставната единица која што ја изучуваат по предметот програмски јазици, тие ја искористија оваа прилика и да го запрашаат гостинот за тоа какви се резултатите од големиот акцент кој што се однесува на тимска работа и изработка на заеднички задачи. Резултатот е секогаш поголем кога учениците соработуваат и на тој начин добиваат уште поголема мотивација за усовршување на своите вештини во областа на информатиката.

Дополнителни предлози и комуникација ќе се извршува на системот за е-учење Moodle.

2016-12-01 14.03.28

2016-12-01 13.14.29

2016-12-01 14.03.51

2016-12-01 14.04.19