Нови искуства и предизвици на гимназијалците од посетата на Curt Nicolin

Од долгогодишната добра соработка на училиштето Curt Nicolin –Финсбанк, Шведска со училишта од Македонија во многу проекти, произлезе  поканата за престој во Финсбанк од 9-ти до 13-ти декември .

Училиштето Curt Nicolin   обезбеди стипендии  за 15 ученици и тројца раководители , од СОУ Гимназија Добри Даскалов и СОУ Киро Спанџов –Брко од Кавадарци и СОУ Панче Караѓозов од Скопје .

Учениците, Зоран Митревски, Горица Спанџова, Ева Коцева, Даница Глигорова , Борис Митрев и директорката Невенка Поп-Ангелова беа претставниците од нашето училиште.

Се запознаа со условите на училиштето, програмите, методите на изучување, нагледните средства , нови образовни технологии, шведската култура и традиција и околината на убавото гратче Финсбанк .

Домаќините, учениците, професорите, директорот  им укажале  топло добредојде  со беспрекорно организираните активности,посети на фирми  и услови обезбедени за сите гости од Македонија .

Во училиштето заедно со учениците домаќини учествувале во едукативни работилници кои претставувале вистинско уживање за сите ученици,учење,дружба,инспирација.

Голема  БЛАГОДАРНОСТ до Curt Nicolin   ,  за можноста , за соработката, за размената на добри практики и искуства ,с е  за подобрување на образованието!