Summum ius, saepe summa iniurija – И најголемото прaво, некогаш е најголема неправда
Објавено на: 31.10.2012
Оваа стара римска мудрост не потсетува на тоа дека граѓаните и денес се скептици дека правдата секогаш победува. По повод 25 Октомври-Европскиот ден на граѓанската правда, Основниот суд во Кавадарци ги отвори вратите за сите граѓани кои се заинтересирани за неговата работа. Во одбележување на овој ден и годинава се вклучија ученици од гимназијата „Добри Даскалов“.
На иницијатива на претседателот на Основниот суд во Кавадарци,г-нот Зоран Јосифовски , а под менторство на проф. Пандорка Јосифова, учениците од правната паралелка: Наташа Ивановска, Слободанка Атанаскова, Виктор Димов, Ирена Прескакулева, Димитар Коцев, Емилија Јанкулова, Цветанка Џуланова, Катерна Трајкова, Ивана Крстева, Митко Марков, Јанко Арангелов и Дарко Нацев, учествуваа во симулација на судска постапка-работен спор. Ораторски говори, подготвени од проф. Пандорка, изведоа ученичките: Наталија Јошева, Александра Тодорчева, Ивана Настова и Наталија Петрова.