Во понеделникот на 11.08.2015 година во училишниот двор на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ се одржа свеченост на која им беа врачени дипломите на матурантите од генерацијата 2011/2015. Амбиентот во училишниот двор беше исполнет со младешки џагор, насмеани лица и многу позитивна енергија.
На почетокот од овој свечен настан со пригоден говор на матурантите им се обрати директорката на гимназијата Невенка Поп-Ангелова. Откако им го честита матурирањето на учениците од свои име и од името на целиот наставнички колегиум им посака успешно да ги реализираат сопствените цели и да бидат достојни граѓани на Р. Македонија. Исто така им порача постојано да се надградуваат и подготвено да им приоѓаат на животните предизвици, како и да бидат успешни во својата професија.
На најдобрите ученици коишто покажаа континуиран одличен успех, примерно поведение и го афирмираа учелиштето со освоени награди на државни натпревари им беа доделени книги како награда.
Свеченоста заврши откако класните раководители им ги доделија дипломите на матурантите и им посакаа светла и успешна иднина.