Светски ден на борба против СИДА
Објавено на: 01.12.2010
Светскиот ден на борба против СИДА-та 1 Декември, во нашето училиште традиционално се одбележува со одредени превентивни активности. Оваа година под мотото „Дејствувај свесно“ за учениците беше организирана врсничка едукација, а во улога на пи ер едукатори беа учениците Мартина Ристеска и Раде Гинев од IV-7, под менторство на училишниот психолог Душанка Иванова.
Со избор на повеќе корисни информации за моменталните статистички податоци за ХИВ инфицираните и болните од СИДА во Република Македонија, начините на пренесување, начините на заштита, користа од вистински сознанија испреплетени со корисни превентивни пораки и слогани беше нагласена важноста за грижа за сопственото здравје. Се надеваме дека со ова впечатливо презентирање ќе се придонесе за зголемувањето на свеста за ризичните облици на однесување и ќе го одржи и потпомогне развојот на здравиот животен стил.
Учениците имаа можност да ја погледаат и поставената презентација на ЛЦД телевизорот во училишниот хол со важни податоци кои младите треба да ги знаат, а и многу повеќе да ги почитуваат.