„Tивко убивање” на Ѓорѓи Шемов на Интернационалната олимпијада по Биологија GENIUS


Објавено на: 26.04.2012

Ѓорѓи Шемов, ученик во I (прва) година во СОУ Гимназија „Добри Даскалов”-Kавадарци, аплицираше на Интернационалната олимпијада по Биологија GENIUS и се пласира да учествува на натпреварот кој 15 години по ред се одржува во САД.

Ученикот аплицираше со научен проект за Тиквешкото Езеро проследен со документарен филм „Тивко убивање!“ кој веќе се прикажува на Youtube на следниот линк http://www.youtube.com/watch?v=rukMJkq8GpM.

Од над 650 проекти од целиот свет кои поминаа низ четири фази за прегледување, избрани се само 248 финалисти, меѓу кои и проектот на Ѓорѓи Шемов, кој се пласира во првите 100.

{qtube vid:=rukMJkq8GpM}

Идејата за научниот филм беше иницирана од еколошката катастрофа со поморот на рибите во Тиквешкото Езеро што се случи на 29 јули минатото лето, кога околу 250 тони крап нагло изумре.

Проектот е оценет со високи оценки и ќе се натпреварува со проекти од целиот свет.

Ѓорѓи Шемов со овој проект ќе го претставува училиштето, градот и Република Македонија во периодот од 24.06 до 29.06.2012 год. во Њујорк.