Топли напитоци – природни чаеви


Објавено на: 07.03.2012

И оваа година на 2 март (петок) во гимназијата беше реализирана активноста „Топли напитоци – природни чаеви“. Оваа активност е дел од богатите содржини на проектот ,,Еко-училиште“. Организатори на настанот беа членовите на Еко-одборот под раководство на претседателот Невенка Поп-Ангелова-директор на училиштето и членови-ученици од прва до четврта година.

Topli_napitoci_2012_1

Целта на оваа еко-активност беше да ги потсетиме учениците да водат грижа за своето здравје и да бидат внимателни на влијанието на микроорганизмите кои напаѓаат во овој период од годината предизвикувајќи разни инфекции и вирози.

Беа подготвени природни чаеви од: нане, мајчина душица, хибискус, шипка, брусница и планински чај.

Topli_napitoci_2012_2

Желбата и интересот за природните напитоци беше голема, а за тоа зборува и бројот на повеќето од 200 ученици послужени во една смена.

 Topli_napitoci_2012_3

Настанот се одвиваше во холот на училиштето, а таму беше поставено и пано изработено од учениците со истакнати препораки, упатства и слики за лековитото дејство на природните чаеви. Учениците несебично помагаа во приготвувањето и послужувањето на топлите напитоци.

 Topli_napitoci_2012_4

Освен учениците, природните чаеви имаа можност да ги пробаат и сите вработени во училиштето. Оваа акција беше прифатена со големо задоволство и интерес од страна на учениците и беше мотив за во иднина да се организираат нови еко-содржини.

Topli_napitoci_2012_5

Повеќе фотографии во Галерија или директно тука