На 27 декември 2016 г. во просториите на Гимназија “Добри Даскалов” се одржа училишен турнир во табла во чест на покојниот колега Гоце Јосифовски – Ромбо, проф. по ликовна уметност. На турнирот земаа учество 12 колеги- вработени во гимназијата. Првото место на турнирот го освои професорот по спорт и спортски активности Илија Шиков, додека второто место го освои професорот по физика Живко Атанасов. Турнирот ќе продолжи да се реализира традиционално и во иднина.