„Љубов на трет поглед“ пред кавадаречката публика


Објавено на: 24.03.2016

Театарската претстава „Љубов на трет поглед“, во авторство и режија на професорите по македонски јазик и литература Васка Петкова и Костадин Прокопов ,како ново комедиографско освежување на сцената на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ доживеа своја премиера на 09.02.2016 год.

Авторскиот текст прилагоден на кавадаречкиот дијалект пред публиката оживеа еден свет во кој царува примитивизмот, алчноста, лекомисленоста, наивноста и желбата да се стигне до поубав живот по цена на нечесно спечалените пари. Младите гимназијалци заблескаа во улогите на Петко, Станко, Трајко, Севда, Спаса, Живка, Ристе ,Богдана, Џони….

IMG 1473

IMG 1417

Громогласниот аплауз и неколкуте преполни сали во Домот на културата во која се бараше карта повеќе говорат за успешноста на претставата. Комичниот заплет преку интригантската игра на меанџијата Петко и двете семејства кои сакаат да ги омажат своите ќерки за новиот учител во селото не оставија никого рамнодушен. После неколку месечна работа на учениците од драмската секција, на сцената поставија комедија за која уште долго ќе се зборува. Учениците: Никола Димитров, Сандра Костова, Петар Стоев, Барбара Тодорчева, Марија Белевска, Милица Цветкова, Јане Колев, Ѓорѓи Темов, Анѓело Каракулев, Васко Димитров , Стефан јорданов и Марко Ристов, преку овој проект покажаа дека љубовта кон театарската уметност и желбата за работа се единствениот пат до успехот.

Со оваа театарска претстава СОУ Гимназија„Добри Даскалов“ уште еднаш покажа пред кавадаречката публика дека има ученици кои заедно со своите ментори прават дела вредни за почит, дела кои говорат за желбата и успешноста.

IMG 1422

IMG 1454