Одржана Првата конститутивна седница на Ученичкиот парламент


Објавено на: 14.10.2019

По изборот на класни заедници кој се изврши во текот на месец септември, на ден 02.10.2019 година (среда) се одржа Првата конститутивна седница на Ученички парламент во учебната 2019/2020 година. На Првата конститутивна седница присутните беа запознати со функцијата и структурата на Ученичкиот парламент, како и за начинот на избор на претседател, заменик претседател и секретар на Ученичкиот парламент во нашето училиште.

Формирањето на Ученички парламент се врши во рамките на проектот „Дете правобранител“ кој е дел од поширокиот проект „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ на Коалиција на младински организации СЕГА, подржан од детската фондација Песталоци. Овој проект во нашето училиште се реализира од 2011 година и предвидува демократски модел на избор на Ученички парламент преку тајно гласање.

Седницата ја водеше ученичката Софија Секуловска, а на седницата присуствуваа членовите на Ученичкиот парламент и наставниците кои се членови на Ресурсниот пакет во рамките на гореспоменатиот проект.