Денес во Гимназијата „Добри Даскалов“ со задоволство го отвораме нашето ученичко катче, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. Овој простор – ученичко катче произлезе по иницијатива на самите ученици, а со поддршка и менторство на професорите Марија Добринова и Стефанија Костадинова. Неговата реализацијата е со финансиски средства добиени од самиот проект и не претставува само уште еден дел од училиштето, туку место кое ќе поттикне дружење, креативност и заедничко учење.
Со создавањето на ученичкото катче и активностите што ќе се спроведуваат во училишното катче, во училиштето ќе се внесе топлина и позитивност и ќе се поттикне меѓусебната поддршка, а воедно и ќе придонесе и за активно вклучување на учениците во училишните активности.
Преку активностите учениците ќе научат подобро да соработуваат, подобро да комуницираат, ќе им се развива критичкото размислување и креативноста, а истовремено ќе се чувствуваат послободни да ги изразуваат своите мислења и идеи.
Со планираните активности ќе се зајакнат односите меѓу професор – ученик и ќе се поттикне поголема доверба.
#bezbednaucilisnasredina
@coalitionSEGA
@mcgo.mcec.mk
@detskaambasadamegjashi
@ngosmartup










