Poseta-biohemiska-laboratorija

Ученици од гимназијата ја посетија биохемиската лабораторија „Еми Медикус”

На 18.02.2015 година учениците од изборното ПМБ подрачје ја посетија биохемиската лабораторија „Еми Мeдикус во Кавадарци заедно со професорката по хемија Даница Пецова и професорката по биологија Елизабета Иговска.

Учениците поделени во групи го започнаа разгледувањето на лабораторијата кое го предводеше дежурната биохемичарка Роска, која со задоволство ги покажа најсовремените лабораториски апарати за проверување на крвната слика.

Учениците се здобија со знаење за функционирањето на центрифугалната машина која ги одвојува крвните зрнца од серумот, апаратот за читање на крвна слика,апаратот за мерење на електролити,а воедно набљудуваа под микроскоп примерок од човечка урина.

Посетата беше мошне успешна и предизвика голем интерес и задоволство кај учениците. Целта да се  стекне што поголемо знаење за процесите на испитување на крвта беше остварена. Задоволни од резултатот и дисциплната на групата беа и одговорните професорки.

Poseta-biohemiska-laboratorija

Повеќе фотографии во Галерија или на овој линк