DSC 0015

Ученици од Гимназијата,, Добри Даскалов “ ја посетија биохемиската лабораторија „Панацеа”

На 24.02.2016 година учениците од IV година од изборното подрачје ПМ-Б заедно со професорите по хемија и биологија Даница Пецова и Богде Коцева ја посетија биохемиската лабораторија „Панацеа” во Кавадарци.

Учениците поделени во групи го започнаа разгледувањето на лабораторијата кое го предводеше дипл.биохемичар, м-р по молекуларна билогија г-нот Ѓорѓи Јовановиќ, кој со задоволство им ги покажа најсовремените лабораториски апарати и методи за анализа на крвта и урината. Учениците ги запознаа некои апарати кои се основни за работа во ваква лабараторија , како што е центрифугалната машина која ги одвојува крвните клетки од крвната плазма (серумот), апаратот за комплетна крвна слика, апаратот за мерење на електролити, најновиот апарат за комплетна анализа на ензими, хормони,итн. Имаа можност да набљудуваат под микроскоп примерок од човечка урина.

DSC 0015

DSC 0014

Посетата беше мошне успешна и предизвика голем интерес и задоволство кај учениците. После обемното и стручно објаснување на г-нот Јовановиќ учениците поставија низа на прашања на кои добија комплетни и јасни одговори. Учениците со големо задоволство им се заблагодарија на љубезноста и професионализмот на вработените во лабораторијата.

Целта на оваа посета беше учениците да се здобијат со што поголемо знаење за современите апарати и најновите методи на испитување на крвта. Задоволни од посетата, дисциплината и интересот на учениците беа и домаќините и одговорните професори.

DSC 0017