По повод Светскиот ден на првата помош – 12 септември, ученици од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци, кои се активни волонтери на Црвениот крст, учествуваа на едукативен настан со показна вежба под мотото „Прва помош и миграции“, организиран од Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Кавадарци.
Настанот се одржа на 14 септември 2026 година на Градскиот плоштад во Кавадарци, со цел подигнување на свеста за значењето на првата помош и нејзината важна улога во ситуации во кои се загрозени животот и здравјето на луѓето. Нашите ученици, како млади и активни волонтери, со своето учество придонесоа кон промовирањето на хуманоста, солидарноста и подготвеноста да се помогне на секој кому му е потребна помош.
Горди сме на нашите ученици кои преку својот волонтерски ангажман ги развиваат хуманите вредности, стекнуваат нови знаења и вештини и покажуваат дека знаењето, солидарноста и подготвеноста да се помогне можат да направат вистинска разлика.
Горди сме на нашите ученици кои преку волонтерскиот ангажман ги развиваат хуманите вредности и покажуваат дека знаењето, солидарноста и подготвеноста да се помогне можат да направат разлика.

