Учениците од Гимназијата со учество во проектот LAPSI

Нашите ученици земаа учество во проектот LAPSI, преку кој имаа можност да стекнат нови знаења, да разменат искуства и да ги претстават своите идеи и визии. Посебна чест беше што идеите на нашите ученици беа презентирани пред Амбасадорот на Франција во Македонија, Министерот за дигитална трансформација и претставник од ALDA во Скопје. Проектот LAPSI, организиран со поддршка на Општина Кавадарци, претставува значајна можност за младите да бидат активни, креативни и да придонесуваат со свои идеи. Горди сме на нашите ученици, нивниот ангажман и успех.