Учениците од втора година-правен техничар на час во локалната самоуправа
Објавено на: 01.03.2013
Ученици во втора година правна насока во гимназијата „Добри Даскалов“ од Кавадарци на 27 февруари 2013 година беа во посета на Општина Кавадарци – Локална самоуправа. Во големата сала на собранието го одржаа часот по методската единица „Локална самоупрова, поставеност и начин на функционирање“. Домаќин им беше градоначалникот Александар Панов кој ги запозна учениците со поставеноста и начинот на функционирање на општината.
Најголемиот дел од јавниот час беше отстапен на прашања од средношколците. Тие се интересираа за поединостите околу поставеноста на општинската администарција, начинот на креирање и трошење на Буџетските пари. Прашање беше поставено и за функционирањето на Советот на Општината и колку нивната работа е поврзана или различна по својот карактер. Идните правници беа заинтересирани и за тоа како функционираат службите во општината, колку таа се грижи за социјалата, како ги остварува надлежностите во образованието, културата и спортот.
Средношколците пројавиа интерес како и на кој начин се рзбираат и се трошат сретствата од комуналната сметка и на кој начин се креираат проектите од сите свери на работење на општината. Домаќинот Панов исцрпно одговараше на прашањата притоа трудејќи се и со контра прашања да развие интерактивност со што се разви интересна дискусија од која учениците добиа сеопфатна слика за функционирањето на општина кавадарци. На крајот од посетата имаа прилика да го посетат и кабинетот каде во релаксирана атмосфера имаа можност непосредно да ја запозната и онаа природната човечка слика на градоначалникот Александар Панов, информираа од Службата за односи со јавноста при Локалната самоуправа.
Текстот е преземен од официјалниот веб сајт на КТВ-Телевизија.