Учество на меѓународниот фестивал на наука „Дај(т)е се на знање“ во Прва крагуевачка гимназија


Објавено на: 05.03.2015

На 27.02.2015 година во Прва крагуевачка гимназија – Крагуевац, Р. Србија се одржа третиот меѓународен фестивал на наука „Дај(т)е се на знање“.

Учениците од нашата гимназија се претставија со демонстрациони обиди по хемија и фотографии на природни појави кои науката ги објаснила или се обидува да ги објасни.

Демонстрационите обиди по хемија ги изведуваа пред присутните посетители на фестивалот учениците Владо Димовски од I (прва) и Македонка Пецова од II (втора) година, под менторство на професорките по хемија Магдалена Убавкова и Даница Пецова.

Со фотографии се претставија учениците:

Дијана Ристова, Софија Настовска, Даринка Костадинова, Меги Петрова, Ивана Недева, Виолета Трајкова – ментор Елизабета Иговска; Душица Ристова – ментор Богде Коцева; Надица Атанасовска – ментор Јасминка Ризова и Верица Крстева – ментор Кристина Крстева.

На ученичката Верица Крстева и беше доделена награда за најдобра фотографија на природна појава за фотографијата ,,Залез низ призма“.

Megunaroden-festival-Srbija

Повеќе фотографии во Галерија или на овој линк

Повеќе фотографии во Галерија или на овој линк