На 25-26.02.2016 година во Прва Kрагуевачка гимназија од Крагуевац, Р. Србија се одржа Четвртиот Меѓународен фестивал на наука „Дај(т)е се на знање“. На овој фестивал учествуваа ученици од сите основни и средни училишта од овој град како и студенти од Природно- Математичкиот Факултет од Крагуевац и збратимените градови.Учениците од нашата Гимназија зедоа учество на овој фестивал.Тие се претставија по предметот биологија со изработка на пирамида на здрава храна од свежи продукти, по хемија со демонстрациони обиди и по предметот иновации и предприемништво со фотографии на природни појави кои науката ги објаснила или се обидува да ги објасни.
Изработката на пирамидата на здрава храна и демонстрационите обиди по хемија учениците ги изведуваа пред присутните посетители на фестивалот. Ученикот Димитар Габев од I-3 клас беше задолжен за активностите по биологија под менторство на професор Богде Коцева,а ученичката Македонка Пецова од III-4 клас за активностите по хемија,под менторство на професорката Даница Пецова.Ученикот Ѓорѓи Ристов од I-2 клас под менторство на професорите Александра Ристова и Блаже Велков беше награден за најдобра фотографија на изложбата која беше поставена во холот на училиштето.
На професорите и Гимназијата им беа доделени благодарници за учество.