Учество на Ротари конфернција за професионална ориентација


Објавено на: 15.04.2013

На 13 април 2013 г. (сабота) во интернационалната гимназија „Нова“ во Скопје се одржа Ротари конфернција за професионална ориентација на тема „Зошто е толку важно да ја изберам вистинската професија за мене?“ во организација на Ротари клуб Скопје Камен мост.

IMAG0363

Одзивот за учество на конференција беше многу голем. Учестуваа ученици од скоро сите скопски гимназии, а од нашето училиште учество земаа Зоран Милевски, проф. по информатика, Мики Камчевски, проф. по историја, заедно со учениците Душко Клинчаров, ученик во II-2 клас, Јанаки Сеизов, ученик во III-1 клас и Здравко Ставров, ученик во III-7 клас.

IMG 1524

Повеќеистакнати гости говорници го споделија своето лично искуство за тоа како тие ја избрале својата животна професија пред учениците од 2-ра и 3-та година средно образование од повеќе училишта во земјата. На двете главни сесии говореа: Илијанчо Гаговски, претседател на Ротари клуб Скопје Камен мост, Венко Андоновски, писател и проф. на Филилошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, Silvano Maseglia, претседател на Европското здружение на професори и претставеник на Ротари клуб Ceglie Messacipa (Италија), Академик Д-р Жан Митрев, кардиолог во болница Филип II, Димитар Богов, гувернер на Народна Банка на Р. Македонија и Др. Антон Хилшер, специјален советник на Rotary International за Албанија, Косово и Македонија.
Покрај двете главни сесии, се одржаа и две мини сесии распределени во седум различни простории и тоа: Академска кариера, Бизнис и финансии, Здравство и медицина, Архитектура, Инженерство, Медиуми и маркетинг и Право, на кои учениците можеа подетално да се информираат за овие професии.

IMG 1548

Овој настан претствуваше одлична можност учениците да се сретнат со вистински професионалци во своите професии и да добијат појасна слика за тоа како да ја изберат својата идна професија.

IMG 1555