Учество на ученици на натпревар од областа „Циркуларна економија”, во организација на Економски факултет – Прилеп

На 19.4 2024 година во Прилеп се одржа натпревар од областа „Циркуларна економија”, во организација на Економски факултет – Прилеп. СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци зеде учество со два тима по четири ученици, сите од III-6 клас – економски техничар, под менторство на професорите по економски предмети, Костадинчо Петров и Лоска Давчева. Првиот тим беше составен од учениците: Благица Трпкоска, Марија Манева, Драган Бошев и Малинка Милева, а вториот тим беше составен од учениците: Живкица Стојанова, Александра Костадинова, Моника Кузманова и Кристина Стојанова.

Целта на натпреварот беше учениците од средните училишта да стекнат знаења и вештини за развивање иновативни бизнис-идеи за употреба на аутпути повторно како инпути т.е. употреба на искористени добра преку нивна повторна употреба, со што им се дава дополнителна вредност. Со тоа се овозможува рационално користење на ресурсите и нивна заштеда. Циркуларната економија, всушност, има за цел кај секај поединец да развие свест за општествена одговорност.

Учениците и професорите се здобија со сертификати за учество, а стекнаа нови знаења и искуство.