Учество на ученици од Гимназијата во јавна дискусија на тема “Воведување на медиумска писменост во образованието”
Објавено на: 09.11.2019
На ден 07.11.2019год. во НУБ “Св Климент Охридски” , во организација на Владата на
Република Северна Македонија и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), се оддржа јавна
дискусија на тема “Воведување на медиумската писменост во образованието” со министерот
за образование и наука Арбер Адеми и Министерот задолжен за комуникации, отчетност и
транспарентност Роберт Поповски, а исто така присуствуваше и политичкиот советник од
Делегацијата на Европската Унија во РСМ, г.Феручо Бого.
Воведни обраќања на овој настан имаа министрите Арбер Адеми и Роберт Поповски и
директорот на БРО, а потоа следуваше дискусија со професори и ученици од средните
училишта. Оваа дискусија беше збогатена со голем број на идеи и предлози за воведување на
медиумската писменост во образовниот процес од страна на учениците.