image-5c63be9d9aa370027adb79e24f05dd4416c81afac9975eee56cc293b7795a7ce-V

Учество на учениците од втора година во проект за Корпоративна општествена одговорност

Учениците од втора година од гимназијата „Добри Даскалов“ учествуваа во проектот „Учиме за корпоративна општествена одговорност“ организиран од тимот за корпоративна општествена одговорност на ФЕНИ Индустри Кавадарци во соработка со гимназијата „Добри Даскалов“.

Учениците имаа задача да изработат Идејно решение, Дизајнирање и Изработка на насловна страна за Едицијата за КОО ФЕНИ Индустри. Во тимови, учениците со своите ментори доставија предлог-решенија по конкурсот во предвидената временска рамка и своите решенија обележани со шифри ги доставија според претходно наведените правила од конкурсот за учество.

image-5c63be9d9aa370027adb79e24f05dd4416c81afac9975eee56cc293b7795a7ce-V

 На 28.12.2015 год. мешовита комисија составена од претставници од ФЕНИ Индустри и претставници од гимназијата ги разгледаа доставените понуди и направија верфикација на валидните понуди. Во оваа постапка беа избрани три идејни решенија кои што беа презентирани од страна на учениците на 30.12.2015 год. во просториите на ФЕНИ Индустри, а во присуство на мешовитата комисија во следниот состав: Борка Петровска, Надица Ставрова и Лазар Трајков од ФЕНИ Индустри и директорката на гимназијата Невенка Поп-Ангелова со наставниците – ментори Благородна Лазова, м-р Зоран Милевски и Кочо Кочов. На оваа презентација своите идеи и начинот на изработка на своите проектни решенија ги презентираа учениците од првите три рангирани проекти и тоа: Борче Ставров и Страше Наумов од II-1 клас, Елена Бошкова и Спасија Соколова од II-4 клас и Трајче Белевски и Благоја Николовски од II-4 клас.

image-2c385b3098de03efb29a44321469a495a9d564d2e98585a89f1683c60bc44601-V

image-5d59548b310d9f64e224a14a43845caa0e254febec2e24d71449269b6b325ada-V

По завршувањето на презентацијата мешовитата комисија според претходно утврдениот правилник од конкурсот гласаше и ги рангираше проектите и додели три места и тоа: I место освоија учениците Борче Ставров и Страше Наумов од II-1 клас, II место освоија учениците Трајче Белевски и Благоја Николовски од II-4 клас и III место освоија ученичките Елена Бошкова и Спасија Соколова од II-4 клас. Победниците од конкурсот добија награда за учество на концерт на интернационален музички изведувач во Скопје по избор на победниците. Победничките решенија со имињата на креаторите ќе бидат вметнати во содржината на Едицијата за КОО ФЕНИ 2015.

image-6a187debbf4fc94e46ebeb53e7a1d45760948940bab17f95c19c07d8a6bcd8d9-V

image-148cbcfd2059dd32e00f3ef2933e5e7afb76c161d92a57029272d95838380b9f-V