Во периодот од 27.03-01.04.2023г. нашето училиште СОУ Гимназија ,,Добри Даскалов” Кавадарци зема учество во работилница за Еразмус + проектот European DIGI-CLASS во Словачка. Работилницата се одржа во средното училиште Stredna priemyselna skola Povazska Bystrica во Повашка Бистрица и во неа учествуваа Соња Попова, проф. по математика, Александра Ристова, проф. по правни предмети, учениците Ирина Панова, Стефанија Сарафимова, Менче Талева и Бисера Ласкова од втора година. Присуствуваа и учесници од другите училишта-партнери: Colegiul Tehnic Edmond Nicolau од Романија, 15 Temmuz Sehitler Anadolu Lisesi од Кастамону, Турција, ITIS Polo Tecnico Fermi-Gadda од Неапол, Италија и Budapesti Komplex Szakképzési Centrum Pogány Frigyes Szakgimnáziuma од Будимпешта, Унгарија.
За време на работилницата, нашите ученици ги претставија училиштето, градот, културата и земјата од која потекнуваат, како и образовниот систем во нашата држава. Исто така презентираа за веб-алатка “Voki: text-to-speech avatar” и како практично и активно да ја применуваат во наставата, со цел за нејзино олеснување.
Главната цел беше да се изврши размена на културни,образовни и комуникациски вредности како и да се промовира тимската работа.Проектот беше успешно спроведен.