Упатство за родителите како да ги користат услугите на Е-Дневник
Објавено на: 19.03.2013
Во оваа учебна 2012/2013 година сите оние родители кои што имаат доставено email адреси и мобилни телефони се внесени во апликацијата Е-Дневник.
Оваа апликација им овозможува на сите родители електронски да го следат успехот на нивното дете, бројот на изостаноци (оправдани и неоправдани) и сл.
Во ова упатство е дадена насока за родителите како да ги користат услугите на Е-Дневник:
1. Како да се најавам на Е-Дневникот за првпат?
– Доставете му email на класниот раководител
– Класниот раководител ќе ја креира Вашата корисничка сметка
– Проверете го Вашиот email, испратен ви е email со вештачки генерирана лозинка.
– Најавете се на Е-Дневникот со Вашиот email како корисничко име и лозинката која ја добивте.
{qtube vid:=r2MDqWXl9-Y}
2. Кои податоци за моето дете се достапни во Е-Дневникот?
{qtube vid:=Ak-sa-DatiQ}
3. Како да ја активирам услугата СМС известување Е-Дневник?
– Оваа опција е активна само на родителите кои веќе се имаат најавено на Е-Дневник. Доколку сеуште немате корисничко име и лозинка, побарајте од класниот роководител на вашето дете
{qtube vid:=PcSe62nnGzE}