За успешен почеток на новата учебна година по одржаниот Наставнички совет беше приреден мал коктел во училишниот двор пред влезот за учениците, каде деновиве беше поставена настрешница за заштита при неповолни временски услови.
Настрешницата која ја изработи Љупчо Ташев вработен во Гимназијата, ќе преставува заштита за влезот на училиштето, но и место каде учениците за време на одморите ќе можат да го поминуваат слободното време.
Идејата за изработка на настрешница се провлекува години наназад, а на задоволство на учениците ова лето конечно се реализира.