Успешната приказна на Бошко Бошков е гордост на нашето училиште


Објавено на: 15.06.2023

Овие денови завршува средношколското поглавје во животот на матурантите,идните академски граѓани.Се збогуваат со средното училиште со ветување дека годините поминати нема да значат заборав.Гимназијата ќе ги памети нивните успеси,освоени награди, работливоста, професионалноста и жедта за големи знаења.Еден од учениците за кој уште долго ќе се зборува како позитивен пример за новите ученици е Бошко Бошков.Огромниот талент на полето на математиката и физиката му ги донесоа големиот број награди овие четири години.Работејќи посветено и трудољубиво секојдневно ја продлабочуваше љубовта кон науката под водство на своите ментори кои го даруваа со знаења и заедно ги освоија највисоките државни и меѓународни неба.Како ученик во прва година се закити со втора награда на државниот натпревар по математика под менторство на проф.Фиданка Илова.Во втора година под менторство на проф.Невенка Поп-Ангелова го освои второто место во државата на полето на математиката и првото место на државниот натпревар по физика под менторство на проф.Кристина Крстева.Во трета година освои трето место на државниот натпревар по математика,бронзен медал на математичката олимпијада и трето место на државниот натпревар по физика.Во завршната година двапати освојува бронзен медал на математичката олимпијада.

Гимназијата е расадник на млади,успешни луѓе полни со знаења и ентузијазам.Бошко е гордост на нашето училиште, сестрана личност која нанижа успеси и на полето на другите науки.Ја поздравуваме неговата генијалност и му посакуваме да ги освои образовните врвови.Чест ни е што заедно ја градевме успешната приказна на која сите сме горди!