Средношколските денови се најубави, највозбудливи и најемотивни, а еден од најубавите настани во средношколските денови е завршната екскурзија, екскурзија што е единствена и што остава спомени до крајот на животот.
Во периодот од 11.05.2026 година до 17.05.2026 година учениците од трета година при СОУ Гимназија “Добри Даскалов“ Кавадарци успешно ја реализираа повеќедневната завршна екскурзија на релација Кавадарци – Венеција – Верона – Рим – Фиренца – Постojна јама – Кавадарци.
Во текот на патувањето учениците имаа можност да посетат повеќе градови во Италија, значајни културно-историски знаменитости, да се запознаат со богатото културно наследство и да стекнат нови искуства и пријателства.
Екскурзијата започна со посетата на романтичната Венеција, каде учениците уживаа во убавините на плоштадот „Свети Марко“, каналите и препознатливата архитектура, величествената базилика „Св Марко“ и високата камбанарија од која има прекрасен поглед кон градот. За учениците особено впечатливи беа тесните улички, малите мостови и атмосферата покрај каналите.
Патувањето продолжи кон Верона, град познат по својата историја, прекрасната архитектура и легендата за Ромео и Јулија, која буди романтична атмосфера.
Сите патишта водат кон Рим, кон вечниот град, од кој учениците беа воодушевени. Ги посетија најпознатите знаменитости како Колосеумот, Пантенонот, Фонтаната ди Треви и Ватикан. Прошетаа низ прекрасните плоштади и улици исполнети со туристи од целиот свет и уживаа во уникатната атмосфера во градот.
Патувањето продолжи кон Фиренца, град кој се смета за лулка на ренесансата и еден од најубавите културни центри во Италија. Градот ги воодушеви со својата архитектура, богатата ренесансна историја и уметничките знаменитости.
Посетата на Постojна Јама остави посебен впечаток со својата природна убавина и уникатност, необичните карпести форми и долгите ходници, прекрасните сталактити, сталагмити и големите подземни сали. Екскурзијата помина во одлична атмосфера, со многу дружење, позитивна енергија и незаборавни спомени. Учениците научија многу за историјата и уметноста на Италија, а убавите спомени и впечатоци ќе ги пратат во текот на целиот живот.













