2014-03-26 09.49.29

Успеси на гимназијалците на натпреварите по информатика

Во организација на Здружението на информатичари на Македонија на 22 март 2014 год. се одржа XXV Државен натпревар по информатика во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, при Универзтитет „Св. Кирил и Методиј“  во Скопје. На натпреварот учество зедоа ученици од основните и средните училишта во Македонија.

Нашето училиште учествуваше на регионалниот натпревар со вкупно 7 натпреварувачи, а според освоените поени од регионалниот натпревар двајца ученици Александар Тренчев II-1 клас и Ѓорѓи Досев IV-5 клас, под менторство на проф. по информатика Зоран Милевски, беа поканети да учествуваат на Државниот натпревар.

2014-03-26 09.49.29

2014-03-26 09.50.34

Во последните неколку години конкуренцијата на овие натпревари по информатика е се поголема. Ученикот Ѓорѓи Досев од IV-5 клас и покрај краткиот период на подготовка и неполна учебна година од изучување на предметот Програмски јазици, освои стипендија за бесплатно студирање за сите четири години на ФИНКИ. Ученикот Александар Тренчев од II-1 клас освои благодарница за успешно учество.

10006549 660884533959829 1717469762 n

„Истражувањата и анализите покажуваат дека во наредните години, информатичката дејност ќе стане најбарана професија на глобално ниво. Доколку трендот на побарувачка продолжи со ова темпо, околу два милиони работни места за информатичари ќе недостасуваат во Европа до 2020 година. Затоа, треба постојано да бидете отворени за креативност, иновации, интеракција и учење, а вложувањето во себе, збогатувањето на талентот и вистинскиот сет на вештини се клучни за ваш напредок и успех.„- им порача на учесниците на натпреварот заменик министерот за информатичко општество и администрација Арсовска Томовска. Свое обраќање имаа Деканот на ФИНКИ, Димитар Трајанов и претседателот на ЗИМ, Миле Јованов.

Во рамките на натпреварот се организира и работилница на тема „Активности на Здружението на информатичари поврзани со наставни програми по информатика„ како и презентација на можностите за студирање на надарените ученици на ФИНКИ.

1390471 660884290626520 424550578 n