На 25 март 2023 год. се одржа XXXIV Државен натпревар по информатика во организација на Здружението на информатичари на Македонија. Истиот се реализира на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ во Скопје.
Програмирањето е важен дел од креирањето на критичкото размислување за секој ученик и развивање на идеја, постапка, односно алгоритам за решавање на одредена зададена задача. Затоа Гимназијата „Добри Даскалов“ секоја година учествува со свои ученици на натпреварите по информатика МЕНДО – од областа на програмирањето, во организација на Здружението на информатичари на Македонија – ЗИМ.
Оваа година учениците во гимназијата покажаа огромен интерес за учество во натпреварите за програмирање. Според успесите од училишниот и регионалниот натпревар, на Државен натпревар беа поканети учениците Мајкл Георгиевски IV-2 – освои II награда, Александар Милков IV-2 – освои III награда и Бошко Бошков IV-2 – успешно учество под менторство на проф. по информатика Благородна Лазова и учениците Кирил Василев I-4 – успешно учество, Благоја Василев III-3 – успешно учество, под менторство на проф. по информатика м-р Зоран Милевски.